Македонија
18. November 2025 - 11:14

Превртен автомобил откако се судрил со камион во Долно Лисиче | ФОТО

Во сообраќајна несреќа што утрово се случила кај Горно Лисиче, во близина на железничкиот премин на патот кој води кон Пинтија повредени се две лица.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, може да се види превртен автомобил кој претходно се судрил со камион.

Според првичните информации, на лице место веднаш дошла Брза помош која констатирала полесни повреди кај две лица.