Претставници на ирската компанија „Баракуда“ во посета на Македонија
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска во Владата на Република Македонија ќе се сретне со претставници на ирската компанија Barracuda FX која вчера преку официјално соопштение на нивниот веб сајт ја објави одлуката за инвестирање во Македонија.
Компанијата е водечки ирски провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар лоцирана во Даблин, која соработува и испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија.
Активностите за отворање центар за истражување и развој во Македонија, ирската компанија најави дека ќе ги почне наскоро. Тоа ќе значи можност за вработување, обука и доусовршување на домашниот кадар од информатичките науки.
Според владиниот тим кој учествуваше во преговорите, а кој го сочинуваа вицепремиерот Пешевски и заменик директорот на Инвест Македонија, Климент Шеќеровски, задоволството од успехот да се привлече ваква респектабилна компанија е огромно и е последица на макотрпна работа, низа владини реформски проекти и континуиран ангажман за креирање поволен деловен амбиент во Македонија. Влезот на Баррацуда ФЏ го гледаат како поттик и за други ирски компании да дојдат во Македонија.
Ново на Сител
-
Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини
-
Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза
-
Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник
-
„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
-
Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија