Претставници на ЕЛЕМ на средби со жителите на Панчарево

Најавите за отворање рудник за јаглен во делчевско-пехчевскиот регион им ја вратија надежта на жителите на пехчевско Панчарево. Тие во можноста овде да се отвори рудник гледаат шанса младите да останат во родното место, смета градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.
- Доколку истражувањата го потврдат квалитетот и количините на јаглен во регионот, и овде се отвори рудник, искрено верувам дека регионот ја има историската шанса за економски просперитет. И жителите ќе можат да се надеваат на вработувања, но и општините Делчево и Пехчево, ќе имаат сигурен прилив на средства од концесијата, вели Поповски.
Денеска претставници на ЕЛЕМ одржаа информативен состанок со жителите на Панчарево и ги запознаа со проектот на државата за детални геолошки истражувања.
- Сите сопственици на имоти, каде во оваа фаза ќе се вршат истражувањата, ќе бидат обештетени за што ќе се потпишат и соодветни спогодби, рече Ѕвонко Кушовски од ЕЛЕМ.
Само во пехчевскиот дел каде што лежат јаглените има 500 приватни парцели, а за деталните геолошки истражувања ќе се работи на 120.
Јаглените во Пијанец долго време лежат неискористени во земјата. Доколку деталните геолошки истражувања на теренот, кои треба да започнат од март оваа година, потврдат солидни количини и квалитет на минералните суровини, државата планира да го реализира проектот со отворање рудник и термоцентрала. Проектот се работи повеќе години во надлежните институции.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
