Претседателот Пендаровски го прими командантот на КФОР, генерал-мајор Федеричи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи, кој престојува во работна посета на нашата држава.

Со цел ефикасно справување со безбедносните предизвици во регионот, соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата била потврдена подготвеноста за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации од заеднички интерес.

Пендаровски и генерал-мајор Федеричи разменија мислења за заедничките активности со силите на КФОР и за активностите и ангажманот на првиот армиски контингент којшто минатиот месец беше упатен во главната команда на Мисијата и во командата на КФОР – „Запад“ во Косово.

– Како полноправна членка на НАТО, ќе го продолжиме нашето учество во мировните мисии предводени од НАТО, Европската унија и од Обединетите нации. Нашата Армијата ќе продолжи да придонесува кон глобалната безбедност, мирот и стабилноста, истакна претседателот Пендаровски на средбата со командантот на КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи.
Ново на Сител
-

Приведен 44-годишен маж од Скопје, пронајдена дрога
-

Трајков: Иднината треба да ја градиме заедно со младите
-

Мицкоски по повод Денот на албанската азбука: Успехот е наш заеднички проект, секој граѓанин има еднакво место, вредност и можност
-

Прва еко трампа „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена во Скопје
-

АХВ со препораки за безбедност на храната, водата за пиење и за заштита на животните во регионите каде има поплавување
-

Италија прв финалист во Дејвис купот
-

Трамп разговараше со Мамдани за трошоците за живот во Њујорк, го оценија состанокот како продуктивен
-

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар
