Тенис
22. November 2025 - 10:21

Италија прв финалист во Дејвис купот

Репрезентацијата на Италија синоќа ја победи Белгија во полуфиналето на Дејвис купот.

Пресметката заврши со 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки.

Прво Матео Беретини го победи Рафаел Колињон (6:3, 6:4), а по него, Флавио Коболи го совлада Зизу Бергс (6:3, 6:7 и 7:6).

Во финалето, Италијанците ќе играат против победниците од денешниот натпреварот Шпанија – Германија (почеток 12 часот). 

Италија е актуелен шампион на Дејвис купот.