Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Русопулос в понеделник ќе се обрати пред пратениците

Првата пленарна седница по вториот круг од локалните избори в недела, Собранието ќе ја одржи в понеделник, а пред пратениците ќе се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос.
На седницата се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав на првиот круг од локалните избори се избрани за градоначалници и тоа Елизабета Стаменковска - Трајковска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Продановски од Прилеп. На местата на Стаменковска - Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4.
Во текот на следните денови во собраниска процедура се очекува да влезе и Буџетот за 2026 година.
Во Собранието денеска и утре, но и во изминатите денови се одржуваше Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта во организација на Парламентарниот институт.
Активностите на Собранието беа запрени поради Локалните избори 2025.
МИА
Ново на Сител
-

Сител сторија: Меѓународен ден на лица со попреченост - Предизвици на децата и родителите
-

Претпладне Скопје беше најзагаден град во Европа - Се зголемува бројот на пациенти со здравствени проблеми
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
-

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ го освежува раководството
