Претседателот Иванов нема да се сретне со еврокомесарот Хан?

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска можеби и нема да се сретне со еврокомесарот Хан. За информацијата утрово не може да се обезбеди ниту потврда ниту демант од кабинетот на Претседателот.
Извори од Мисијата на ЕУ во Скопје кои не се овластени да даваат изјави потврдуваат дека засега претседателот Иванов не е во распоредот на серијата средби што комесарот Хан заедно со Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн ќе ги има попладнево во Скопје. Сепак, оставаат резерва дека можеби во вечерните часови ќе се создадат услови за средба со Иванов.
Претседателот според најавите денеска требаше да ја заврши официјалната посета на Унгарија. Дали тоа ќе се случи, никој е може да потврди.
Хан ќе ги почне средбите со политичките лидери околу 14 часот, а агендата му завршува вечерва со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со кого ќе се сретне откако пред тоа ќе ги ислуша другите лидери на политичките партии што освоија места во новиот состав на Собранието.
Како што најави портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич во петокот, Хан доаѓа во Скопје да ја повтори цврстата порака на ЕУ да се почитуваат изборните резултати и да се овозможи демократските процеси да продолжат и брзо да се формира влада што ќе продолжи да го имплементира Договорот од Пржино.
За денеска во 12 часот, претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски закажа кординација со претставниците на парламентарните партии за утврдување на составот на Собраниската комисија за избори и именувања, откако прaтеникот на СДСМ Оливер Спасовски му ги достави потписите на 67 пратеници за закажување на продолжение на конститутивната седница започната и прекината на 30 декември 2016 година.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
