Претседателот Иванов на средби со чешкиот државен врв
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, ќе оствари средби со чешкиот премиер Андреј Бабиш и со претседателот на Пратеничкиот Дом, Радек Вондрачек.
Иванов вчера со највисоки државни и воени почести беше примен од чешкиот претседател, Милош Земан.
По средбата, коментирајќи го неуспешниот референдум од 30 септември, претседателот Иванов повика на одговорност.
На прашање за коментар за Договорот со Грција, чешкиот претседател Земан изјави дека не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија, но ги повика двете страни да продолжат со преговорите.
- Тоа може да трае долго, но се надеваме дека овој спор ќе успеете да го решите, изјави Земан на прес конференцијата.
Синоќа во Прага, претседателот Иванов оствари средба и со претседателот на чешкиот сенат, Милан Штех.
Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, денеска, во рамки на дамската програма, ќе го посети Националниот институт за аутизам – НАУТИС во Прага.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола