Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и тетовско, при што пронајдени над 75 000 парчиња пиротехника.
-Денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75 889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун, информираат од МВР.
Лицата, информираат од МВР, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Шукова најавува инфраструктурни проекти во Општина Бутел
-
Булингот се повеќе присутен помеѓу учениците
-
Жените земјоделки: Нашето земјоделство е пациент кој што го лечеа многу лекари, но никој не ја погоди точната дијагноза
-
Занаетчиството во криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Ранковце и Крива Паланка
-
Предизборен карван на СДСМ во Новаци, Ресен и Битола
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија