Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва официјално го товори четвртото издание на интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. Гостите во театарот за деца и млади на стартот на официјалната програма уживаа во куклената претстава за млади „Франкештајн“ на Кокан Младеновиќ. Во напреварувачкиот дел на фестивалот ќе има 6 претстави и тоа од Македонија, Србија, Хрватска, Романија и Грција.
Официјалната програма на фестивалот е до 18 октомври. Освен за првата награда, претставите ќе се натпреваруваат и за ГРАН ПРИ, награда за режија, две актерски, како и награди за костимографија и за сценографија.
Специјално детско жири ќе ја додели наградата за најдобра претстава според младата публика. Присутните во театарот за деца и млади на официјалното отворање на фестивалот ги поздравија и министреот за култура, Зоран Љутков и в.д. директорката на театарот Фросина Карловицс.