Македонија
17. October 2025 - 12:19
Андоновски: Нова дигитална стратегија
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што Македонија, по осум години, конечно добива современ и сеопфатен план за дигитален развој.
Станува збор за национален документ, дел од поширока европска дигитална агенда за развој која предвидува процеси во насока на дигитално обучени граѓани и квалификувани ИКТ експерти, заедно со безбедна и дигитална јавна инфраструктура.
-->
-->