Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога
На 28.05.2024 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода П.К.(36) и К.К.(40), двајцата од Струмица. При претрес во домот во с.Банско, во кој привремено престојува П.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц исполнет со црна материја, насадени стебла од растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Додека, при претрес во нивниот дом во Струмица, извршен исто така со судска наредба, а во кој бил затекнат К.К., биле пронајдени одземени марихуана, две дигитални ваги и дробилка со остатоци од марихуана, воздушна пушка „Гамо“ и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика