Пресврт: Сопругот на Јелена со ќерката и синот ја напушти семејната куќа

Семејството Марјановиќ денеска околу 12 часот попладне ја напушти семејната куќа во Борча.
Зоран, неговиот син Урош, ќерката Јана и таткото Владимир заедно излегоа и седнаа во автомобилот. Потоа заминаа во непознат правец.
Тие не беа расположени за разговор со љубопитните новинари, туку си заминаа со возилото. Во полиција пак е пријавено пронаоѓање на лични работи од непознато лице на каналот во Борча.Во близина на местото каде последен пат е видена жива Јелена, мештани пронашле спортска торбица која е предадена во полиција.
Со оглед дека пронајдената торбица била влажна и прекриена со слој кал, се верува дека е изгубена или фрлена пред повеќе од две недели, токму во времето кога Јелена е убиена.
Инаку на праменот коса од брутално убиената пејачка, кој е пронајден на гранка кај насипот нема траги од други лица - ниту познати, ниту непознати, покажаа резултатите од вештачењето и спроведената ДНК анализа.
Праменот коса пронајден на гранка кај каналот не даде клуч за решавање на овој многу сложен случај, па истрагата продолжува.
Ново на Сител
-

2026 - Година на раздолжување и задолжување
-

ВРЕДИ очекува министер плус по заминувањето на Меџити - Од Влада велат преговори нема
-

Повик за изработка на бесплатни веб-сајтови за локалните самоуправи и јавните институции
-

Востановување на националната награда „Роксан Стојанов“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
-

За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим


