Трагедија во Тузла
Пожарот во општинскиот Дом за стари лица во босанскиот град Тузла одзеде 12 животи. Билансот на повредении е 35, од кои тројца се во тешка состојба. Пожарот избил во соба на седмиот кат синоќа околу 20 часот и 40 минути. На катот биле сместени неподвижни и тешко подвижни лица, што ја отежнало нивната евакуација. Огнот броз се ширел. Со повреди се збоиле и пет пожарниакри и пет полицајци кои учестувале во спасувањето.
- Ситуацијата беше многу тешка затоа што, како што велат, ова се исклучително критични и предизвикувачки пожари, во кои се вклучени неподвижни и едвај подвижни лица, како и потребата да се спроведе евакуација и спасување истовремено, изјави Јасмин Јахиќ, старешина на Противпожарната служба во Тузла.
Семејствата на штитеници со месеци барале одоговори од раководството на домот зошто на горните катови ги сместувале неподвижините, тешко подвижните и оние со деменција зависни од туга помош. Токму за нив и најспаско се наплачало. Неколку часа по трагедијата, директорот на домот стари лица Мирсад Бакаловиќ си поднесе оставка.
Истрагата за причините и евантуалните безбедносни пропусти е во тек.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
