-->
-->
Престрелка во Шишево - едно лице убиено
-->

Денеска околу 02 часот во СВР Скопје прјавено е дека во Клиничка болница „Систина” од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево.
Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ”, а пред нив се движело возило „Мерцедес”, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии. Според пријавеното, на влезот во с.Шишево возилото „Мерцедес” застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ”. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина”, каде А.А. починал. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
