Препораките за тестирање за Ковид-19 поднесени до земјите членки на ЕУ
Научниот тим на Европската Комисија излезе со првиот сет препораки за јавното здравје и за тестирање за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Тимот, составен од виролози и епидемиолози, вчера го одржа својот прв состанок, во соработка со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Препораките им се поднесени на земјите членки и министерствата за здравство.
Европската Комисија инсистира дека е од клучна важност земјите на ЕУ да се координираат во мерките, имајќи ги секако предвид националните специфичности.
Во однос на тестирањата за коронавирусот, тимот смета дека приоритет треба да им се даде на постарите лица кои се моментално хоспитализирани, повозрасните лица кои имаат ризичен профил и, се разбира, медицинскиот персонал.
Навременото тестирање и детектирање на заразата е клучен аспект во борбата против пандемијата, бидејќи не само што овозможува поефикасен третман за заболените, туку и мониторинг на епидемиолошката состојба, што потоа помага за формулирање на мерките за контрола на болеста.
Научниот тим нагласува дека стратегиите на тестирање ќе може да се еволуираат во иднина за да овозможат „оптимална употреба на ресурсите“ и да се намали притисокот врз лабораториите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството