Премиера на претставата за деца и млади „Аладин и волшебната ламба“

Танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности „Зодијак“ од Прилеп во соработка со Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп утре на пладне во Центарот за култура „Марко Цепенков“ премиерно ќе ја изведе претставата за деца и млади „Аладин и волшебната ламба“.
Режијата, костимографијата, сценографијата и кореографијата се на Кире Миладиноски. Негови се и преводот, драматизацијата и адаптацијата на македонски јазик Кире Миладиноски. Музиката е на Алан Менкен и Томе Темелкоски.
Во претставата играат Дарко Карбески, Давор Петровиќ, Елена Соколоска, Марија Димеска, Бобан Смилкоски, Анастасија Конеска, Валерија Чавлеска, Рената Трајкоска, Евгенија Кузманоска, Марија Стеваноска, Лилјана Јованоска и Деспина Башеска.
Оваа продукција е помогната од Министерството за култура и општина Прилеп, а како копродуцент е Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, каде работи танц студиото.
Ново на Сител
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-

Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
-

Преглед на вестите од светот
