Премиера на куклената претстава „Тоби“
Во Театарот за деца и младинци-Скопје вечер премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Тоби“ според текст на Флоријан Зденек. Адаптацијата на текстот и режијата е на Драгослав Тодоровиќ од Белград.
Во „Тоби“ играат Марија Ѓорѓијовска, Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска, Ана Левајковиќ Бошков и Мики Анчевски. Креацијата на куклите, костимите и сценографијата е на Ирина Сомборац од Белград, со помош на Кирил Василев и Љубица Велкова. Видео анимацијата е на Емил Петро, а композитор е Виктор Апостолоски.
Директорката на Театарот за деца и младинци Катарина Илиевска Силјановска најави дека претставата е исклучително шарена и убава, наменета за најмладата публика и со кукли кои досега ги немал Театарот.
Режисерот Тодоровиќ на вчерашната прес-конференција истакна дека со задоволство и леснотија работеле со екипата.
- Претставатата не е моја, таа е наша. Текстот е многу интересен за мали деца, но и за адолесцентите бидејќи тие имаат најмногу превирања кога доаѓаат лудите или магарешки години, кога ништо не им се допаѓа на нивното тело. Постојано имаат незадоволство, се додека не ја согледаат личноста, а не ликот, рече Тодоровиќ. Додаде дека претставта е за децата, но и за возрасните кои ги носат во театар.
Марија Ѓорѓијовска, која го игра кучето Тоби, рече дека целта на претставата е да бидеш таков каков што си, онака како што те создала природата.
Актерската екипа нагласи дека имале одлична соработка со режисерот, учеле, се надополнувале едни со други и уживале во подготовката на претставата.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години