Прекумерната употреба на лекови за болка ја зголемува отпорноста кај бактериите кон лекови

Прекумерната употреба и злоупотребата на „Парацетамол“ и „Ибупрофен“ придонесува за зајакнување на бактериите и со нив поврзаните болести, што ги прави поотпорни на антибиотици, а тоа пак, би можело да предизвика сериозна здравствена криза.
Во напис објавен во списанието „Нејчр антимикробијалс енд резистенс“ (Nature Antimicrobials and Resistance), научници од Универзитетот на Јужна Австралија објавија дека тие два лека ја зајакнуваат отпорноста кај бактериите, коешто го опишаа како „светска закана“ за здравјето на луѓето.
Според истражувачите, нивниот труд „обезбедува докази дека лековите што служат за ублажување на болка, комбинирани со антибиотикот „Ципрофлоксацин“, на пр. при лекување од бактериски инфекции како „Escherichia coli“ (Ешерихија коли), не само што значително ја зголемуваат зачестеноста на мутациите, туку и развиваат повеќекратни отпорности на антибиотици кај бактериите.
-Антибиотиците долго време беа клучни во борбата против заразните болести, но нивната прекумерна употреба и злоупотреба доведоа до глобално зголемување на бактериите отпорни на антибиотици, изјави една од авторите на научниот труд, Рити Вентер.
Авторите ги предупредуваат пациентите и лекарите „внимателно да ги разгледаат ризиците од користењето различни лекови“, особено кога се препишуваат за долготрајни терапии. Откритието има „сериозни здравствени импликации“, предупредија научниците, при што лицата во домовите за стари и изнемоштени се особено загрозени, со оглед на тоа што најверојатно земаат повеќе различни лекови истовремено.
Ново на Сител
-

Студено утро, преку ден сончево
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
