Преку „Меџитлија“ и „Дојран“ во Грција само пеш, на „Богородица“ повремено со автомобил
Поради штрајк на грчките цариници од изутрината во 5 часот во целосен прекин е сообраќајот на граничките премини Меџитлија и Стар Дојран, а на граничниот премин Евзони повремено се пропуштаат само само патнични возила. На трите премини македонско-грчката граница може да се премине само пеш, соопшти МВР. Од 9 часот во целосен прекин е и товарниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција.
Штрајкот на граничниот премин „Меџитлија” - „Ники” започнал во 5 часот утрпво и ќе трае до 5 часот утре. За време на штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци, додека сообраќајот за моторни возила ќе биде во прекин.
На граничниот премин „Богородица“ од македонска и „Евзони“ од грчка страна штрајкот ќе трае 23.00 часот вечерва, а најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе бидат пропуштани.
На граниченниот премин „Стар Дојран“ - „Дојрани“, штрајкот на грчките цариници исто така ќе трае до 23:00 часот, а во овој временски период ќе бидат пропуштани само пешаци. Патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правца.
Ново на Сител
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос
-
ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина
-
Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб | ВИДЕО