Македонија
1. July 2024 - 16:39

Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме

Договорот од Преспа е завршена работа, оној со Бугарија ќе го репреговараме. По вчерашниот став на американската амбасадорка дека нема ново преговарање, Премиерот денеска убеден. Ако можеше еднаш, ќе може повторно.

За напредок на односите со Бугарија, Мицкоски бара официјална Софија да покаже добра волја а не политики од средниот век

Македонско бугарските односи се движат по најниската линија во последните неколку години. Политичката нестабилност кај нашиот сосед комбинирана со нереалните ветувања на претходната власт не оставаат многу простор за напредок на македонскиот пат до Европската Унија.