-->
-->
Прекинат мечот Шкендија – Младост
-->

Дождот е причината поради која натпреварот меѓу Шкендија и Младост не се одигра до крај.
Натпреварот од 21.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Младост Ц.Д. кој се играше попладнево на стадионот Чаир во Скопје, е прекинат во 64-минута.
Главниот судија Влахо Константин во консултации со колегите и претставниците на клубовите, беше принуден да го прекине мечот при резултат 0-0. Едноставно теренот во Чаир повеќе наликуваше на базен отколку на фудбалско игралиште па друго решение и не постоеше.
Според пропозициите, на ФФМ, бидејќи прекинот е пред 72-та минута, истиот треба да се преигра во во рок од 24 часа.
Водено за утре од 14 часот на арената Филип Втори закажан е и последниот натпревар од ова коло, во кој лидерот Вардар ја пречекува екипата на Брегалница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
-

Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
-

Врнежите го подобрија водостојот во браните во Струмичко, но тој и понатаму е низок
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

За 12 часа 65 000 прекршоци регистрираше Сејф Сити
