Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација Благоја Милевски, чијшто мандат истече на 30 ноември 2025 година.
Во својот мандат на клупата на најдобрата македонска репрезентација, од 1 август 2021 година, Милевски ја предводеше репрезентацијата на 48 натпревари. Под негово водство беа забележани 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Во овој период, обезбедени се два бараж дуели за пласман на Светско првенство.
„Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до селекторот Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за посветената работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера. Управниот одбор на ФФМ смета дека на македонската А репрезентација ѝ е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици што ја очекуваат нашата национална селекција. Веруваме дека со нов стручeн тим ќе се внесе ‘нов ветер’ во работата на тимот, кој ќе овозможи уште поголема конкурентност и амбиција во натпреварите на Македонија“, стои во соопштението на ФФМ.
Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 декември 2025 година ќе донесе одлука за назначување на нов селектор.
МИА
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
