Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај
Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат. Прекинат е бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на Железници Транспорт на Република Северна Македонија АД Скопје на кои денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот, потврди за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачите на Македонија.
Димовски изјави и дека добиле ветување од раководството на ЖРСМ Транспорт АД Скопје дека првиот дел од платата ќе им биде исплатен утре.
Тој најави дека железничкиот сообраќај ќе се нормализира и оти првиот патнички воз што ќе стартува е тој на релацијата Скопје – Гевгелија во 16.55 часот.
Раководството на ЖРСМ Транспорт вчера оцени дека прекинот на работата е незаконски, односно дека не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор, како и дека не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите.
Машинскиот и извршниот персонал ја бојкотираше работата и во петокот минатата недела, барајќи исплата на материјалните трошоци.
Ново на Сител
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари