Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај
Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат. Прекинат е бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на Железници Транспорт на Република Северна Македонија АД Скопје на кои денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот, потврди за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачите на Македонија.
Димовски изјави и дека добиле ветување од раководството на ЖРСМ Транспорт АД Скопје дека првиот дел од платата ќе им биде исплатен утре.
Тој најави дека железничкиот сообраќај ќе се нормализира и оти првиот патнички воз што ќе стартува е тој на релацијата Скопје – Гевгелија во 16.55 часот.
Раководството на ЖРСМ Транспорт вчера оцени дека прекинот на работата е незаконски, односно дека не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор, како и дека не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите.
Машинскиот и извршниот персонал ја бојкотираше работата и во петокот минатата недела, барајќи исплата на материјалните трошоци.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Казахстан е респектабилен играч на економската и дипломатската сцена, чиј најголем трговски партнер и инвеститор е ЕУ
-
Повредените во „Пулс“ реагираат поради најавено заминување на докторка од Општата болница - Кочани
-
Словачка дозволи лов на кафеави мечки, месото барано и понудено за јадење
-
Возел со 3,43 промили алкохол во крвта, уапсен 49-годишник од демирхисарско
-
На швајцарските Алпи се отцепи дел од глечер и затрупа село | ВИДЕО
-
Приведени тројца битолчани, при претрес пронајдена е дрога
-
Приведеn 42-годишник од Битола, бил баран со потерница за издржување казна затвор од пет години
-
Пандов: Дигиталната судница во Идризово заслужува почесто да биде користена, до крајот на годината ќе почне изградба на втората фаза од затворот