Македонија
29. May 2025 - 16:53

Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина

Ниту еден од обвинетите во случајот „Адитив“ не се чувствува виновен за злоупотребите направени при набавката на адитив за јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и пет правни субјекти меѓу кои и двајцата поранешни директори на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој се уште е во бегство и ќе му се суди во отсуство и неговиот наследник Васко Стефанов.

За штетата направена на дражавниот буџет од над 6 милиони евра обвинети се и поранешните директори на РЕК Битола Пеце Матевски, на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, поранешниот комерцијален директор на ЕСМ Адријан Муча, како и Данчо Стојановски – поранешен комерцијален директор на ЕСМ, и неговата братучетка Маја Јорданова – сопственичка на фирмата Браинкоде, од која е набавен адитивот, по цена три пати поскапа од пазарната.

Според Обвинителството, обвинетите преку пререгистрација на фирми и договарање меѓу економски оператори местеле тендери за набавка на адитиви за јаглен. Обвинителите кои го водат случајот, тврдат дека поседува силни докази со кои велат дека ја покажат злоуптребата на државниот буџет, но и здравјето врз граѓаните.

Од април 2023 до август лани, дел од обвинетите создале група чија цел била да ја изиграат постапката за набака на адитив, а за себе да обезбедат висока сума на пари. За да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со Злоупотреба на постапката за јавен повик дел од обвинетите примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на паричните средства и подигнувале готовина.