Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
Европската интеграција на Македонија во фокусот на денешните пратенички прашања. Опозицијата побара власта да ги објави можните сценарија за одблокирање на европскиот пат на Македонија по се позачестените изјави дека во тек се интензивни дипломатски активности.,
Мицкоски повторно ја повика опозицијата заеднички да лобираат кај европските партии, европратениците да го поддржат Извештајот за напредокот на Македонија кој го потврдува многувековниот македонски идентитет и македонскиот јазик.
Потенцираше дека Македонија нема да ги помести своите позиции се додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата.
Премиерот Мицкоски одговори и на обвинувањата на албанската опозиција дека со Законот за локалана самоуправа на дијаспората и се ограничуваат изборните права. Ги повика пратениците заеднички да изгласаат измени на Изборниот законик со кој Македонија ќе стане една изборна единица и во измените да се вклучат и граѓаните кои работат и живеат надвор од државата.
Во фокусот на прашањата на пратениците од власта беа придобивките од Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија кој беше ратификуван вчера.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар