Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
Околу 160.000 домови во Кан и соседните општини од утрово немаат електрична енергија, откако синоќа изби пожар во електричната централа. Француската полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.
Се претпоставува дека пожарот во централата во општина Танерон е подметнат, но не постои поврзаност на инцидентот со одржувањето на Меѓународниот филмски фестивал што се одржува во Кан, изјави портпаролката на полицијата.
Операторот на француската електрична мрежа РТФ соопшти дека се работи на обнова на мрежата, но оти е непознато кога ќе завршат работите.
На Канскиот фестивал за вечерава е предвидено доделување на наградите. Фестивалската палата има сопствено напојување со електрична енергија поради што фестивалската програма ќе продолжи, но нема да има проекции на филмови, бидејќи кината се вон центарот на Кан.
Фестивалот во Кан се смета за најважен филмски фестивал во светот, заедно со фестивал во Венеција. Годинава 22 филма се натпреваруваат за главната награда Златна палма.
Ново на Сител
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче