Loading Video...
Свет
18. October 2024 - 12:33

Преглед на вестите од светот

Израелската армија и службата за државна безбедност на израел, објавија дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен вчера во Газа. Неговата смрт претставува голем поттик за израелската војска и премиерот Бенјамин Нетанјаху по низата убиства на истакнати водачи на непријателите во последниве месеци. Либанската телевизија лбци јави дека Калед Машал е именуван за в.д. Лидер на Хамас.

Претседателот Исак Херцог изјави дека Синвар, беше организаторот на смртоносниот напад на 7 октомври, со години е одговорен за грозоморни терористички акти против израелски цивили, граѓани на други земји и убиства на илјадници невини луѓе“. „Сега, повеќе од кога било, мора да дејствуваме на секој можен начин за да ги вратиме 101-от заложник кои се уште се држат во ужасни услови на терористите на Хамас во Газа“.

Израелската полиција придружуваше конвој со телото на Синвар во централен Израел, каде што беше доставено до институтот за судска медицина во земјата.

Командантот на полициската единица за судска медицина, помошник комесар Ализа Разиел рече дека откако армијата испратила фотографии од забите на телото, како и примероци од телото, полициските стоматолози и Институтот за судска медицина на Израел можеле да ги споредат примероците со информациите на Синвар во базата на податоци.

Смртта нема да ја запре војната, реагираа жителите на Газа кои се раселени во Кан Јунис. По Синвар, ќе излезе некој друг, Хамас ќе продолжи.  Десетици демонстранти се собраа синоќа во близина на израелската амбасада во главниот град на Јордан, Аман, за да ја изразат својата солидарност со Палестинците по веста за смртта на водачот на Хамас, Јахја Синвар.

Израелците во градот Сдерот, кој се граничи со Газа, синоќа ја прославија веста за убиството на водачот на Хамас. Жена делеше слатки, а луѓето танцуваа со израелски знамиња.

Членките на НАТО нема да ја изгубат заедничката волја да ја поддржат Украина и рускиот претседател Владимир Путин би било погрешно ако мисли поинаку, рече синоќа шефот на алијансата Марк Руте. Тој напомена дека е од суштинско значење НАТО да продолжи да и дава воена помош на земјата.

Зеленски, ги потсети своите сојузници дека некои обврски преземени на самитот на НАТО во јули сè уште чекаат да се исполнат. Тој го пренесе својот „план за победа“ на европските лидери и НАТО во Брисел, барајќи покана за членство во НАТО и големо зголемување на воената поддршка за кампањата на Киев против руската инвазија.

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Берлин во итна посета за да разговара за руската инвазија на Украина со лидерите на Германија, Франција и Велика Британија. Конфликтот на Блискиот Исток, исто така, се очекува да биде високо на агендата во разговорите меѓу лидерите.