Loading Video...
Свет
17. October 2024 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Шефот на НАТО, Марк Руте, рече дека е запознаен со деталите за „планот за победа“ на Украина што го најави претседателот на Украина Володимир Зеленски и дека е во контакт со земјите-членки на алијансата за следните чекори. Зеленски рече дека безусловната покана за членство во НАТО е една од точките на неговиот план. Украинскиот претседател рече дека планот од пет точки опфаќа геополитички, воени, економски и безбедносни цели, нагласувајќи дека поканата на Украина да се приклучи на НАТО во „блиска иднина“ е нејзиниот клучен елемент.

Руте не одговори директно на барањето на Киев за официјална покана. Украина ќе се приклучи на алијансата, но Киев не може да се приклучи додека е во војна . Зеленски вчера пред парламентот го претстави својот „план за победа“.

„Ако почнеме да го спроведуваме овој План за победа сега, би можеле да ја завршиме војната најдоцна до следната година“, рече Зеленски, цитиран од новинската агенција Интерфакс-Украина.

Другите предлози вклучуваат укинување на сегашните ограничувања што ја спречуваат Украина да користи западно оружје со долг дострел на цели во Русија. За денеска е најавено дека „Планот за победа“ ќе биде доставен до Европскиот совет.

портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го отфрли „Планот за победа“ на Зеленски, велејќи дека тоа може да го турне НАТО кон директен конфликт со Русија, што само ќе донесе катастрофа за украинскиот народ.

Израелските системи за противвоздушна одбрана беа активирани во текот на ноќта, а се слушнаа и експлозии додека одекнуваа звуците на сирените.

Либанските власти пак го осудија нападот, во кој беа ранети и повеќе од 50 луѓе во Набатие, велејќи дека тоа е доказ дека израелската кампања против вооружената група Хезболах сега се пренасочува кон целта на либанската држава. Израел има право да го напаѓа Хезболах дури и затоа што можеби се криат во цивилни згради во Либан, но тоа треба да го прави на начин што ќе ги штити цивилите, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Во Бејрут додека траат нападите, граѓаните остануваат непоколебливи и ги продолжуваат секојдневните активности, иако е забележливо дека сообраќајот е намлен.

Лиам Пејн, некогашниот член на британската поп-група „Уан дајрекшн“, почина на 31 година во Аргентина откако паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Полицијата соопшти дека го пронашла телото откако имало повик од работник во хотелот кој барал итна помош за гостин во алкохолизирана состојба.

Аргентинските фанови на групата ја пееја песната „Infinity“ за да му оддадат почит, а исто така палеа свеќи и плескаа за 31-годишниот изведувач, пред да одржат минута молчење. Пејн ја достигна светската слава како дел од поп бендот One Direction, заедно со Хари Стајлс, Зејн Малик, Ниал Хоран и Луис Томлинсон.