Loading Video...
Свет
29. August 2024 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Француското правосудството нареди официјална   истрага против шефот и основачот на Телеграм Павел Дуров, но го пушти да се брани од слобода, под строги услови. Покрај кауцијата од 5 милиони евра,   Дуров има обрвска да се јавува во полицијата дваапти неделно и не смее  да ја напушти Франција додека трае истрагата. Основачот  на Телеграм се соочува со обвинувања дека не презел ништо за да спречи неговата   апликација за пораки  да се користи за нелегални активности, односно  за делење на материјал за сексуално злоставување на деца,  трговија со дрога, измами  и за транскации за организиран криминал. 39 годишниот Павел Дуров е роден во Русија и има францсуко државјанство, но и државјанствот на Обединетите Арапски емирати.ФРанцускиот претседател Макрон порача дека апсењето не е политички мотивирано, туку дека станува збор за незвисна истрага за организиран криминал на социјланите медиуми.

Трет руски воздушен напад врз Киев за четири дена. Одбраната на Украина соборила 10 беспилотни летала над  главниот град и возврати со удар  врз Белгород.  Според руските власти загинало едно лице. Руското министерствот за одбрана објави дека  напредуваат во правец на Покровск, украинското министесртвото  за одбрана јавува за напредок во Курск.  Војната во Украина   е главна тема  на дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел,  кој почна денеска. На состанокот присуствува и шефот на украинската дипломатија Кулеба, кој побара  мегународните поддрќувачи на Киев  да ги укинат органичувањата за употреба на оружјето  што  и го доставија  на Украина додека трае офанизата во рускиот Курск.Целта е да се нанесе поголема штетата на непријателот истакна Кулеба.

Најмалку  три лица загинаа  а неколку се водат како исчезнати во  тајфунот Шаншан  што утрово  го  погоди југозападниот дел на  Јапонија. Обилните дождови и   ветрови со брзина од над 200 километри на час го нарушија  воздушниот и железничкиот сообракај, ја прекинаа струјата во над 250 000 домаќинства и оштетија многу објекти. Пред ударот, милиони луѓе добија анредба да се евакуираат.  Според јапонските власти Шаншан е еден од најсилните тајфуни што ја погодил Јапонија во последните децении.