Преглед на вести од светот
УКРИАНА ЈА НАПАДНА РУСИЈА СО 144 БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА
Украина во текот на ноќта го изврши еден од најголемите напади со дронови врз Русија. Нападна со 144 беспилотни летала. Погодени се повеќекатни станбени згради околу главниот град Москва при што загинала една жена. Жителите од оштетените згради се евакуирани во центри за привремено сместување.. Руската противвоздушна одбрана соборила над 20 беспилотни летала околу Моксва и повеќе од 70 над обаста Брјанск и уште неколку други региони. Таму нема жртви или штети.
- Ноќните напади на станбени области не можат да се поврзат со воени дејствија. Режимот во Киев продолжува да ја демонстрира својата природа. Тие се непријатели, мораме да ја продолжиме специјалната воена операција за да се заштиме од вакви напади реагира Дмитри Песков, портпаролот на Кремљ.
Додека Русија напредува во источна Украина, Киев се обидува да ја премести војната во Русија со копнената офанзива во регионот Курск и зачестените напади со дронови длабоко на руска територија.
ИЗРАЕЛ НАПАДНА ХУМАНИТАРНА ЗОНА ВО ГАЗА, ХАМАС: ВО НАПАДОТ ЗАГИНАА 40 ЦИВИЛИ
Најмалку 40 цивили се убиени а над 60 се повредени во јужниот дел на Газа во израелскиот напад врз хуманитарната зона Ал Маваси соопшти упрваата за цивилна одрбана на Хамас. Биле погодени шатори во кои се сместени внатрешно раселените лица. Но израелската војска вели дека нејзиниот авион нападнал команден центар на Хамас кој бил сместен во хуманитраната зона и дека презела чекори за да го намали ризиокот од повредување на цивилите. Израелската армија не даде никакви информаци за можни жртви. Хамас демантира дека има борци во нападната област.
ВАЖНА НОЌ ЗА ДОНАЛД ТРАМП И КАМАЛА ХАРИС, ПРЕТЕНДЕНТИТЕ ЗА БЕЛАТА КУЌА
Вечерва 90 минутна тв дебата на претендентите за Белата куќа, демократката Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп. Двајцата кандидати за претседател на САД никогаш не се сретнале, ниту разговарале по телефон , но вечерва ќе стојат на кратко растојание еден од друг во Националниот уставен центар во Филаделфија. Ќе дебатираат за војните во светот, надворешната политика, домашната економија, контролата на оружјето, миграцијата а разговорат ќе го насочуваат двајца водители на ЕЈБИСИЊУЗ. Националните анкети покажуваат дека трката е тесна , па денешната дебата многумина ја сметаат за клучна која ќе го одреди правецот на изборите закажани за 5 ноември.
-Генерално, мислам дека ќе биде интересно да се гледа. Заинтересиран сум да слушнам што имаат да кажат и двајцата.
-Јас сум многу возбуден за дебатата во Фили. Двајцата се многу силни кандидати.
- Едноставно едвај ја чекам оваа дебата да им помогне на американските граѓани да одлучат за кого да гласаат.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар