Loading Video...
Свет
11. September 2024 - 12:28

Преглед на вестите од светот

Претседателските кандидати Доналд Трамп, републиканец и Камала Харис, демократка, синоќа во Филаделфија на имаа деба, за претседателските избори во САД. Харис, која е потпретседателка му пријде на Трамп на сцената, му ја подаде раката и се претстави.

Во воведното обраќање таа се претстави како перспективен кандидат и рече дека на дебатата Трамп ќе оди со „истото излитено сценарио“.

Харис имаше и забелешка дека Трамп оставил највисока стапка на невработеност од времето на Големата депресија“, додека беше претседател од 2017 до 2021 година.

Трамп ја критикуваше Харис за високата инфлација за време на владеењето на администрацијата на Џо Бајден. Харис го искритикува дека тој е поласкан од диктаторите како Владимир Путин или Ким Џонг-ун и не ја разбира американската одлучност да помога на сојузниците и партнерите во нивниот стремаж да го одбранат територијјалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Трамп излезе пред новинарите по завршувањето на дебатата. Тој се пожали дека модераторите биле „многу неправедни“ кон него.

„Харис сака втора дебата бидејќи беше убедливо поразена. Ќе размислиме за тоа“.

Американскиот народ го виде изборот помеѓу напредување со Харис и уназадување со Трамп, се наведува во соопштението на кампањата на Камала Харис.

Само неколку часа по дебатата обложувалниците блага предност даваат за Харис, која води со околу 2 до 3 отсто пред Трамп.

Двајцата кандидати се обидоа да ја искористат дебатата за ги освои гласачите шест недели пред претседателските избори во САД кои ќе се одржат на 5.ноември.

Најмалку 5 лица загинаа во израелски воздушен напад врз Тубас на Западниот Брег, објави палестинската Црвена полумесечина. Нејзините екипажи успеаја да ги извлечат телата на пет лица од местото на бомбардирањето кои беа префрлени во болница.

„Како дел од антитерористичката активност, авион на ИАФ погоди во вооружена терористичка ќелија во областа Тубас“, се вели во соопштението на израелската армија.

Голем дел од мостот „Карола“ на Елба во Дрезден, се урна во текот на ноќта. Мостот го поврзува стариот град со другите делови. Портпаролот на противпожарната служба изјави дека се урнале околу стотина метри од мостот, а поради оштетување на цевките е прекинато снабдувањето со топлинска енергија во градот. Пожарникарите се на терен, а нема информации за повредени. Граѓаните пријавиле силна експлозија.

Мостот „Карола“ е изграден во 1971 година и е еден од вкупно четирите моста на Елба во Дрезден.