Loading Video...
Свет
13. September 2024 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Бугарски воен авион  „Л–39 албатрос“ од засега непознати причини се урна  во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ близу Пловдив, при што како пренесуваат бугарските медиуми загинале двајцата пилоти.  Несреќата се случила за време на подготвителен митинг по повод утрешното одбележување на 20-годишнината од членството на Бугарија во НАТО, настан кој сега е откажан од министерот за одбрана Атанас Запријанов.  Истргата  за инцидентот ја води  Воената полиција. Претходно денеска бугарскиот претседател Румен Радев присуствуваше на истиот митинг и како копилот изведе демонстративен лет со борбен авион ЕФ-16. 

Западот  ќе биде во директна борба со Русија ако и дозволи  на Украина да ја напаѓа руската територија со проектили со долг дострел добиени од САД и созјуниците  предупреди рускиот претседател , откако   САД и  Велика Британија  навестија  дека ограничувањата наскоро ќе бидат укинати. Зеленски со месеци лобира да ги користи американски проектили Атакмс и британските Стром Шадоу за напади на воени цели длабоко во руската територија.  Според Путин, овој потег би го променил опсегот и природата на конфликтот.

АКО СЕ ДОНЕСЕ ОВАА ОДЛУКА, ТОА НЕМА ДА ЗНАЧИ НИШТО ПОМАЛКУ ОД ДИРЕКТНОТО УЧЕСТВО НА ЗЕМЈИТЕ ОД НАТО, САД И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА. ТОА Е НИВНО ДИРЕКТНО УЧЕСТВО И ТОА, СЕ РАЗБИРА, ЗНАЧИТЕЛНО ЈА МЕНУВА САМАТА СУШТИНА, САМАТА ПРИРОДА НА КОНФЛИКТОТ. ТОА ЌЕ ЗНАЧИ ДЕКА ЗЕМЈИТЕ ОД НАТО, САД И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ РУСИЈА. И АКО Е ТОА ТАКА, ТОГАШ, ИМАЈЌИ ЈА ПРЕДВИД ПРОМЕНАТА НА САМАТА СУШТИНА НА ОВОЈ КОНФЛИКТ, ЌЕ ДОНЕСЕМЕ СООДВЕТНИ ОДЛУКИ ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКАНИТЕ ШТО ЌЕ НИ СЕ СОЗДАДАТ, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Борбите продолжуваат низ украинскиот фронт и во руската област Курск. Руските војиците добиле наредба од Путин  до 1 окотмври да ја вратат контролата врз Курск. На 6 август украински војници упаднаа во руската област и во следните недели  окупираа околу 100 населени места. 

Русија им ја укина акредитацијата на шестмина  британски дипломати во Москва, обвинувајќи ги за шпионирање. Како што соопшти Службата за државна безбедност ФСБ , акредитацијата на дипломатите била одземена, бидејќи нивните активности ја загрозувале безбедноста на Русија.  Реагираше Министерството  за одбрана на Велика Британија, кое  обвинението за  шпионирање го нарече целосно неосновано. 

Републиканецот Доналд Трамп не сака  втора   дебата против неговата демократска противкандидатка Камала Харис пред претседателските избори во САД на 5 ноември. Харис сака реванш само затоа што јас  јасно победив на првото соочување во Филаделфија во вторникот. Втора ќе нема, рече Трамп. Анкетите спроведени веднаш по дебатата покажаа дека гласачите сметаат дека Харис била подобра.  ХАрис пак вели  дека таа и Трамп  им должат уште дебата на американските гласачи.