Loading Video...
Свет
17. May 2024 - 12:16

Преглед на вестите од светот

Стратешкиот сојуз на Русија со Кина во енергетскиот сектор дополнително ќе се зајакне соработката, рече претседателот Владимир Путин на вториот ден од неговата посета на Кина додавајќи дека Русија е подготвена да ја снабди Кина чиста енергија. Блиските односи меѓу Русија и Кина беа гарант за енергетската безбедност и ја зајакнаа благосостојбата на двете земји, додаде Путин, говорејќи на руско-кинеската изложба во Харбин за време на државната посета.

Путин денеска го посети споменикот во Харбин каде им оддаде почит на советските војници кои загинаа во битките за ослободување на Кина, притоа положи и цвеќе на споменикот.  Ова е негова прва странска посета по победата на претседателските избори.

На првиот ден тој имаше средба и со кинескиот претседател Си Џинпинг во пекинг каде имаа и разговори.

Министрите за надворешни работи на 13 држави со писмо предупредија дека Израел не треба да почне голема офанзива во градот Рафа во Појасот Газа и бараат и поголема помош за палестинското население, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“. Писмото е на четири страници од 15.мај и пратено е до израелскиот министер за надворешни работи, а потпишано е од сите земји на Г7 без САД. Во него се истакнува правото на Израел на одбрана и ги осудуваат терористичките напади на Хамс. Се повикува Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи се што е во нејзина моќ да ја ублажи разорната и продлабочена хуманитарна криза и Израел да ги отвори сите гранични премини кон палестинската енклава за испорака на помош, вклучително и премиот Рафа на границата со Египет.

САД во четвртокот закотвија привремено пловечко пристаниште на плажа во Газа за да ја зголемат испораката на помош. Со отворањето на рутата за испорака на помош по море, САД се надеваат дека ќе се борат против хуманитарната криза која доведе до опасност од глад стотици илјади луѓе. Обединетите нации нагласија дека доставувањето помош по копно е „најостварливиот, ефективен и ефикасен“ метод. Американскиот Стејт департмент соопшти дека хуманитарната ситуација во Газа продолжува да се влошува и го повика Израел да дозволи постојан пристап за помош преку јужните и северните делови на енклавата.

На 20 мај – понеделник во Словачка ќе се одржи совет за итна медицинска помош за здравствената состојба и соодветен третман на премиерот Роберт Фицо, кој пред два дена беше застрелан.

Лекарите ќе разговараат и за можното префрлање на Фицо, кој по атентатот беше опериран во болницата „Френклин Д. Рузвелт во Банска Бистрица, на понатамошно лекување во Братислава или во странство.

Најмалку четири лица загинаа во Хјустон, во силно невреме што го зафати градот синоќа. Невремето предизвика големи материјални штети и бројни проблеми во енергетскиот систем. Центарот на Хјустон е преполн со паднати електрични столбови, скршени дрвја, стакло од скршени прозорци, сообраќајот е намален, а дел од уличното осветлување е надвор од функција. Според градските власти, ризик за населението претставуваат и прекините на струја и истекувањето на гас.