Loading Video...
Свет
13. јуни 2024 - 16:42

Преглед на вестите од светот

Бојко Борисов, лидерот на Герб - партија која освои најмногу гласови на неодамна одржените избори во Бугарија најви дека од понеделник ќе почнат разговорите со лидерите на другите политички сили во народното собрание за формирање влада.  Ќе има влада ако премиерот е од ГЕРБ истакна Борисов, кој и на денешната прес конфренција рече дека нема да биде кандидат за премеир.

 Единствената шанса да имаме влада е секој да го надмине своето его, да направи експертски кабинет. Во него мора да доминираат важните министерства од ГЕРБ - особено премиерот, министерот за надворешни работи, министерот за одбрана. И ако можеме да влеземе во дијалог со одговорните политичари и да ги најдеме најдобрите експерти, во првиот мандат е можно само да се формира влада“, рече Бојко Борисов.

Поранешниот бугарски министер за финансии Симеон Ѓанков прогнозира дека ќе се состави нова влада во Бугарија и Бојко Борисов ќе биде премиер. Според него, трите партии – ГЕРБ, Движењето за прваа и слободи  и Има таков народ  имаат доволно мнозинство за да владеат заедно. Според него, „Продолжуваме со промените“ во моментов треба да бидат во опозиција, што ќе биде добро и за нив и за општеството. Инаку, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов денеска го слави својот роденден, наполни 65 години.

Во Италија , во близина на Бари почна тридневниот самит на групата седум најразвиени  економии... Во фокусот -војните во Украина   и во Газа, економската моќ на Кина,миграцијата во Европа од Африка и  вештачката интелигенција. „Има многу работа, но сигурна сум дека во овие два дена ќе успееме да одржиме дискусии кои ќе донесат солидни и мерливи резултати - истаќна домаќинката на самитот, италијанската премиерка Џорџа Мелони.

А на самиот старт , лидерите  од Г7  постигнаа договор да и дадат на Украина 50 милијарди долари преку користење на замрзнати руски средства до крајот на годината. Во врска со стационирањето на западни војници во Украина, нема единство.. Додека Франција и Велика и Британија се отворени за тоа, Германија, САД и Италија го отфлаат тој чекор.  На самитот на Г7 традицонално учестуваат и првите луѓе на ЕК и Европскиот совет. Овојпат домакинката Мелони упати покани до неколку други земји, вклучувајќи ги Украина, Турција, Индија, Аргентина, Бразил, Алжир , Кенија и  САудиска Арабија. Гостин е и папата ФРанцск, кој ќе зборува за опасноста од вештачката интелигенција. Римокатоличкиот поглавар е првиот понтиф кој ќе учествува на еден самит на Г7.