Loading Video...
Свет
14. јуни 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Русија ги објави условите за мировни преговори со Украина, ден пред стартот на мировната конференцијата  за Украина во Швајрација на која Москва не е поканета. Условите се многу едноставни – Украина да се откаже од амбициите да се приклучи на НАТО и да ги повлече силите од четирите региони  на кои претендира Москва вели Путин. 

- Украинските трупи мора целосно да се повлечат од Доњецката и Луганската народна република, регионите Керсон и Запорожје. Покрај тоа, внимавајте тие мора да се повлечат од целата територија на овие региони, во нивните административни граници што постоеја во времето на нивното влегување во Украина. Штом Киев ќе изјави дека е подготвен за таква одлука и ќе започне вистинско повлекување на војниците од овие региони, а исто така и официјално ќе извести за напуштање на плановите за влез во НАТО, ние веднаш, буквално во истиот момент ќе дадеме наредба за прекин на огнот и почеток на преговори, рече Путин на состанокот со руските дипломати во Москва.

Путин истакна и дека неговиот предлог е насочен  кон конечното решение на конфликтот во Украина наместо замрзнување. Руските  условите за почеток на преговорите за завршување на војната не се прифатливи за Уркаина  изјави , Михаило Подољак, советник на уркаинскиот претседател.Синока на самитот на Г7 Американскиот и украинскиот претседател Бајден и Зеленски  потпишаа билатерален безбедносен договор, на дури 10 години. Бајден дециден-договорот не предвидува испраќање трупи на фронтот.

- Трајниот мир за Украина мора да биде потпиашн од сопствената способност на Украина да се брани сега и да ја одвратат идната агересија во секое време во иднина. Соединетите држави же помогнат да се осигура дека Украина може да ги направи и двете- не со испраќање американски војници да се борат во Украина, туку со обезбедување оружје и муниција, проширување на размената на разузнавачки информации и продолжување на обуката на храбрите рече Џо Бајден, претседател на САД.

Ескалира ситуацијата на Израелско-Либанската граница. Повредени се неколку лица при најновиот напад на Хезболах со околу 40 ракети врз Израел. Тел Авив го возврати ударот. Изведе воздушен напад  во близина на Тир  а либанските медиуми јавуваат за загианти цивили.. Во истовреме, офанзивата во Газа продолжува. Турција ги повика членките на Советот за безбедност на ООН и САД да извршат поголем притисок врз Израел да го прекине огнот. 

Втор ден од самитот на Г7 во Итлаија.  зголемената поддршка на Кина за Русија , мигарција од африка во Европа и вештачкаат интелегинција се на дневниот ред. За ризиците и придобивките од вештачката интелигенција ќе зборува и папата франциск, кој е првиот попгалвар на римокатоличката црква кој учестува на самирот на боагтите нации. Осумдесет и седумгодишниот понтиф пристигна со хеликоптер а со домакинаката на самитот, италијанската премиерка Мелони до хотелот  замина со возило  за голф..