Loading Video...
Свет
12. јуни 2024 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Руските сили утрово извршија воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска на Телеграм. Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот.

Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала.

Очевидци за западни медими изјавија дека се слушнале неколку експлозии во и околу Киев. Засега не се знае дали има штета во околината на Киев. Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина кратко по 03:00 часот по локално време и траеше неколку часа, вклучително и во пограничната област со Полска.

Оперативната команда на полската војска објави дека полските борбени авиони и НАТО се подигнати за да го заштитат воздушниот простор на земјата по извештаите за руски ракетни напади врз Украина.

Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино -град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина, на помалку од 100 километри од Харков, кој е втор по големина украински град. Според Гладков, украинските ракети оштетиле шест куќи и 11 блокови.

Хамас соопшти дека им дал одговор на катарските и египетските посредници на предлогот за прекин на огнот во Газа поддржан од САД, со одредени „приговори“ на него.

Хамас и помалата милитантна група Исламски џихад рекоа дека се подготвени „да бидат позитивни за да постигнат договор“ и нивниот приоритет е „целосно да се стави крај“ на војната. Високиот функционер на Хамас Осама Хамдан за либанската телевизија Ал-Мајадин изјави дека групата поднела „некои приговори на предлогот на посредникот“. Тој не даде други детали.

Министерствата за надворешни работи на Катар и Египет во заедничко соопштение рекоа дека размислуваат за одговор и ќе продолжат со посредничките напори со САД „до постигнување договор“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека гласањето на Советот за безбедност на ОН за предлогот поддржан од САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците е јасна порака дека светот го поддржува планот и повторно го повика Хамас да го прифати.