-->
-->
Прегазено девојче на пешачки
-->

Според првичните информации таа има фрактруа на ногата и со возило на Итната помош е префрлена во Ургентниот центар Незгодата се случила околу 12.45 часот на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на пешачкиот прем веднаш до Клубот на пратеници. Според изјавите на сведоците, девојчето кое најверојатно е средношколец од средното уметничко училиште, било со неколку другари и во моментот кога ја минувал улицата на нив налетал “Форд фокус“ со скопски таблички. Тој не возел многу брзо но сепак не запрел и удрил во неа. Таа паднала крај улицата а на помош и притекнале случајни минувачи и работници од градилиштето кое се наоѓа во непосредна близина.
Набрзо на местото пристигна и возило на Итната помош а лекарскиот тим ја стабилизираше состојбата на повредената. Од она што можеше да се види е дека таа има фрактура на ногата но дополнителните испитувања во Ургентниот центар треба да утврдат дали тоа е единствената повреда. Полициски екипи го регулираа сообраќајот на крстосницата, а повеќе детали околу незгодата се најавени за попладнево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза
-
20 години ОМД
-
Идеологија, солидарност или пари – што ги тера да се борат македонците во Украина и Русија?
-
Украина под огромен руски напад
-
Преглед на вестите од светот