Свет
4. January 2018 - 14:20

Предупредување за опасност од поплави во западниот дел на Германија

Поројните дождови во текот на последните денови ја зголемуваат опасноста од поплави во западниот дел на Германија. 

ДПА јави денеска дека реката Мозел е затворена за превоз, а нејзиното ниво е четири метри над вообичаеното.

Во Келн на бродовите им е наредно да се движат со намалена брзина.