САД наредија затворање на руските визни центри во Вашингтон и Њујорк
Американските власти ги информираа руските дипломати во Америка дека филијалите на визните центри во Вашингтон и Њујорк се затвораат, но конзуларната поддршка ќе продолжи и покрај зголемениот обем на работа, изјави за новинарите амбасадорот во САД, Анатолиј Антонов.
„Секојдневно се вршат напади врз нас, а денес пред еден час Американците ни испратија известување дека визните центри се затвораат и дека сега дополнителниот товар паѓа на рамениците на руските дипломати и конзули“, изјави руски дипломат по церемонијата.
За одбележување на годишнината од почетокот на Големата татковинска војна.
Во исто време, Антонов истакна дека американската страна не ги објаснила причините за ваквата одлука и дека Русија се уште не најавила можни возвратни мерки.
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ