Македонија
12. April 2018 - 14:42

Предавање за улогата на наставникот во креирање активни и здрави училишта

Училиштето е место каде што треба да се поттикне физичката активност кај децата. Улогата на учителот е најважна, смета Марк Клос, универзитетски професор по спортска педагогогија и менаџмент на Одделот за спортски науки при универзитетот во Лиеж во Белигија. Тој денеска имаше предавање пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на тема „Улогата на наставникот во креирање активни и здрави училишта“.

- Многу е важно учителите да ја сфатат важноста на физичката активност. Сега општеството е премногу насочено кон седење и неактивност и тоа мора да се смени. Но, училиштето е центар и почеток каде треба да се направи нешто. Ако учениците ги едуцираат нивните учители и родители тогаш ќе бидеме во можност да смениме нешто, рече  Клос.

Билјана Поповска од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип вели дека соработката со професорот Клос трае веќе втора година.

- Аспектот дека ние имаме и физичко и здравствено образование и имплементацијата на здравјето во рамките на часовите по физичко и здравствено образование беше иницијален момент и поттик да го организираме ова и да го повикаме професорот овде. Неговото присуство е дел од Програмата Еразмус плус, изјави Поповска.

Деканката на Факултетот за образовни науки Соња Петревска посочи дека за студентите, но и за наставниот кадар, новите знаења и искуства се добредојдени на темата за физичко образование.

- Факултетот за образовни науки ја шири меѓународната соработка. Соработува со повеќе од 20 факултети коишто се сродни на нашиот факултет. Денеска имаме можност да ни биде гостин професор од универзитетот во Лиеж, додаде Петревска.

На денешново предавање присуствуава и наставници по физичко образование од штипските гардинки и училишта.