Пратениците расправаа за законите за заем од Светската банка и за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот
Во Собранието денеска се одржаа три седници. Заврши општиот претрес за Предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, под договор за заем на финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка.
Исто така, денеска се расправаше и по 13-тата точка од 25 седница, за Предлог-законот за изменување и дополнување на Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка.
За овие две законски решенија ќе се гласа кога ќе бидат создадени услови, односно кога ќе присуствуваат повеќе од 62 пратеници.
На продолжението на 29-та седница во попладневните часови, пратениците дебатираа и за Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование.
Опозициските пратеници дадоа критика за новите задолжувања, кои ги окарактеризираа како непродуктивно трошење на народни пари.
За опозицијата, заемот од 25 милиони евра од Светска банка е поврзан со претстојните локални избори, со цел да се покаже дека локалната власт нешто работи, а за мнозинството со спроведување на проектот ќе се намали потрошувачката на енергија во јавниот сектор и ќе се воспостават одржливи механизми за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека одговорноста е заедничка барем кога станува збор за основното образование, и дека секоја година се ажурираат податоците за училиштата.
Продолжението по оваа точка за која останаа уште 15 од дискутантите, на 29-тата седница ке се одржи во вторник, 16 март.
Ново на Сител
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ