-->
-->
Пратениците одлучуваат дали ќе има референдум за образовните реформи
-->
Пратениците денеска ќе одлучат дали ќе има референдум за образовните реформи на министерката Мила Царовска.
Претставници на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ се повикани денеска во Собранието каде пратениците треба да разгледаат дали нивната иницијатива е комплетна. Родителите во вторникот собираа иницијални потписи во две подрачни единици на Државната изборна комисија.
Минатата недела пратениците ја одбија првата иницијатива бидејќи таа не беше комплетна.
Родителите завчера излегоа на протести во Скопје и во другите градови против најавените реформи.
Министерството за образование, пак, смета дека блокирањето на напредокот во образованието преку дигитализација на учебниците е апсурдно.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани