Џет-Сет
3. January 2019 - 18:00

Познатиот готвач на 52 годишна возраст го чека петтото дете: Бременоста ја држеа во тајност, причината ќе ве разнежни

Гордон Ремзи (52) и неговата сопруга Тана (44) објавија дека го чекаат петтото дете! Среќната вест ја објавија преку социјалните мрежи.

Тие се родители на Меган (21), Матилде (17) и 18-годишните близанци Џек и Холи.

Двојката бременоста ја држеше во тајност, зошто Тана пред две години го загуби бебето во петиот месец од бременоста.

„Имавме многу болен викенд кога Тана го загуби нашиот син во петтиот месец. Заедно се опоравуваме како семејство, но сакаме да им се заблагодариме на сите за вашата неверојатна поддршка и прекрасните желби“, рече тогаш познатиот готвач.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gordon Ramsay (@gordongram) on