Позната актерка пронајдена мртва
Аманда Питерсон, ѕвездата на тинејџерскиот филмски хит „Љубовта нема цена“, почина на 44-годишна возраст, објавија американските медиуми, додавајќи дека нејзиното тело го пронашла полицијата во нејзиниот дом во Грилеј во Колорадо.
Нејзиниот татко Џејмс бил загрижен затоа што Аманда два дена не се јавила никому и во полицијата го пријавил нејзиното исчезнување.
Причина за смртта се уште не е позната, но Џејмс Питерсон открива дека изминатите години Аманда имала многу здравствени проблеми, како пневмонија и заболени синуси.
Иако улогата на Синди Манчини во филмит „Љубовта нема цена“ е нејзино најпознато оставрување, Аманда настапи и во сериите „A Year in the Lie“, „Boone“, „Doogie Houser, M.D.“ и во филмовите „Annie“, „Explorers“ и „Windrunner“, по што се откажа од актерската кариера.
По ова таа се посвети на студирање и пишуваше автобиографија. Зад себе има два брака и две деца.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ