Македонија
19. May 2025 - 19:55

Реформите се спроведуваат според планот, одржан прв состанок на Националниот консултативен механизам

Измените на Изборниот законик и Законот за судски совет се единствените два закони кои според министерот Муртезани нема да бидат донесени согласно роковите во рефомската агенда. Вели дека засега Македонија е пример за успешна приказна во спроведување на неопходните реформи, а Владата работи и на обезбедување гаранции дека внесувањето на Бугарите во уставот ќе биде последна пречка во евроинтеграциите.

Денеска прв состанок одржа и Националниот консултативен механизам за Реформската агедна кој ќе го следи процесот на спроведувањето на  реформите и планот за раст.