Македонија
10. October 2018 - 10:04

Пожарникари од Струмица учествуваат на НАТО вежба во Србија

 Во рамките на  Репуличките сили за заштита и спасување се и десет пожарникари од ТППЕ Струмица. Тие заедно со други припадници на силите учествуваат на меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018" што се одржува во Младеновац, Република Србија.
 
Според командирот на ТППЕ Струмица, учеството на десетмината пожарникари од Струмица на вежбата е со цел да ги зајакнат капацитетите за подобра координација и спасување од сите природни катастрофи, кои можат да го зафатат регионот.
 
Вежбата е под покровителство на НАТО и трае до 12 овој месец