Пожарите во Пељешац и Корчула се уште активни
Сите три пожари во хрватската Дубровачко-неретванска жупанија, два на Пељешац и еден на Корчула, се уште се активни, изјави денеска портпаролот на Штабот за заштита и спасување Горан Цветиновиќ.
На Пељешац во пределот на Поникава пожарот го гаснат три канадери, а гори и во правец кон Јанина, и кон подрачјето на Смоквица на Корчула, изјави Цветиновиќ.
Според портпаролот на Штабот за заштита и спасување на Корчула пожарот е активен во Смоквица, додека во Брно огнот стигна на стотина метри од куќите. Засега, за среќа никаде нема станбени единици во непосредна опасност од пожарот.
Поради пожарите кои не ослабнуваат во Хрватска нема повлекување на пожарникарите, а во помош пристигнуваат колеги од останатите делови на државата, со цел да се спречи ширење на огнот на Пељешац и Корчула.
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани