Повредени две лица, шест сообраќајки вчера во Скопје
Едно лице е тешко повредено, а едно се здобило со полесни повреди во две од вкупно шест регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. За четири сообраќајки е регистрирана материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала 28 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената и исклучила од сообраќај 11 возачи, од кои девет пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.
Исклучени се од сообраќај 13 нерегистрирани возила, а санкционирани се 91 возач за непрописно паркирање и со „пајакот“ се подигнати 86 возила. Седум возачи се казнети за неправилно престигнување и уште седум за непоседување зимска опрема, како и по тројца за неправилно престројување, не давање првенство на минување на возила и на пешаци и за поминување крстосница на црвено светло.
Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „8 Март“, објект „Ѕуница“ во општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025